Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Економија

Олеснување за македонските превозници – петмесечно одложување на биометриската евиденција

Транспортерите добија 5 месеци одложување. Електронската биометриска евиденција за влез и излез…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Транспортерите добија 5 месеци одложување. Електронската биометриска евиденција за влез и излез од Шенген зоната за македонските превозници се одложува до септември. Ова било потврдено од страна на Европската комисија на он лајн состанокот со македонските власти. Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво. Ова на заедничките разговори со претставници на Европската Комисија  и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти го издејствуваа  Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, како и нивните колеги  –  министрите од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Од Министерството за транспорт информираат дека на состанокот разговарале за изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците.

Во очекување на трајно решение, Николоски додаде дека е потребно Европската Комисија реално да го идентифицира проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и во најскоро време да имплементира соодветни мерки кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании кои работат во меѓународниот патен сообраќај. Претставниците на Европската Комисија ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ во која превозниците се прифатени како професионалци и беше истакнато дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите – велат од Министерство за транспорт.

Од транспорт велат дека претставниците на Европската комисија на состанокот ја потенцирале важноста на транспортниот сектор, влијанието врз целокупната економија и најавиле целосна посветеност во изнаоѓање на трајно прифатливо решение во интерес на сите засегнати страни. Било потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и дека во наредниот период ќе продолжи комуникацијата меѓу засегнатите страни.   

Реклама

Прашањето за превозниците конечно се стави на маса откако минатата недела превозниците на камиони го блокираа товарниот сообраќај на граничните премини во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.  Притисокот се исплатеше. Тие ги прекинаа блокадите откако во четвртокот Европската Комисија излезе со нова стратегија за визи за продолжен краткорочен престој за возачите на камиони од државите од Западен Балкан. Во стратегијата јасно стои дека овие луѓе кои се т.н. бизнис патници, патуваат во име на доверливи компании, кои генерално претставуваат низок ризик за Унијата и се сметаат за сигурни. Комисијата смета дека овие возачи, уметници, спортисти транзитираат  поради работа без намера трајно да останат во Европа.

Портпаролот на Европската Комисија  за внатрешни работи, Маркус Ламерт во петокот изјави дека решението ќе вклучува и воведување ново законодавство со правила за продолжен кус престој за одредени категории, како превозниците, спортистите, уметниците и други професионалци.