Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ОЈО Гостивар почна истрага за грабежот на златара во Гостивар

Државното обвинителство денеска информира дека во текот на ноќта и утрово, Основното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државното обвинителство денеска информира дека во текот на ноќта и утрово, Основното јавно обвинителство од Гостивар издало повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршиле грабеж во златара во близина на Малиот пазар во Гостивар.

Разбојништвото се случило вчера попладне, а според информациите, биле ограбени околу 18 килограми злато, во вредност од околу 1,8 милиони евра.

Четворица маскирани напаѓачи, вооружени со автоматско оружје, го извршиле разбојништвото, по што побегнале со патничко моторно возило марка „БМВ“, без регистарски таблички. Џипот што бил користен при грабежот е пронајден запален на патот кон планинскиот премин Стража.