Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Охрид се насочува кон развој на кружен туризам за почиста средина

По теркот на медитеранските земји, единственото Унеско подрачје во Македонија, Охрид, го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По теркот на медитеранските земји, единственото Унеско подрачје во Македонија, Охрид, го насочува туристичкиот развој во нов правец кој ќе овозможи заштита на природните богатства. Суштината на таканаречениот кружен и син туризам е унапредување на еколошките стандарди, јакнење на еколошката свест, водење грижа за околината без создавање на отпад и прочистување на отпадните води во туристичките зони.

„Во угостителството значи помалку отпад во храната, помалку користење на техничка вода за оние елементи во хотелот кои што може таа техничка вода да се употреби. Рециклирање на отпадот, селектирање на отпадот. Е сега зошто реков тие одговорни туристи, тие кога ќе видат знаци дека сите вие во една таква мрежа го селектирате отпадот, вие добивате на квалитет и вие добивате повисоки оценки“ – вели проф. д-р Сашо Коруноски – ФТУ.

Кружниот туризам подразбира и развивање на алтернативни видови на превоз. Тоа подразбира проширување на мрежата на велосипедски патеки и промовирање транспорт без штетни емисии.

Реклама

„Оној кој што треба денес да патува од Охрид до Свети Наум, кои можности му ги даваме? Денес само со брод и со автомобил, немаме јавен превоз, немаме други видови на превоз. Често викаме дека кајчињата или други превозни средства по вода загадуваат. Ајде да видиме која е алтернативата, дали да се воведат субвенции за електромотори, дали да се воведе повеќе групен транспорт“ – вели проф. Коруноски.

Експертите по туризам нагласуваат дека Охридското Езеро, како едно од најстарите во Европа, може да понуди висококвалитетни туристички услуги кои го промовираат неговото природно и културно наследство, без да го нарушат.

„За брзо време треба да излезе првата верзија на акциониот план, во кој посебно место ќе има за Охрид, и се надевам дека со негова примена општината ќе најде начин како финансиски да го поддржи овој план. Нормално, ќе се потрудиме и од меѓународни институции да добиеме донации, меѓутоа да почнеме да го реализираме со цел да влеземе во тие нови текови на менаџирање на туризмот во подобра насока“ – вели Ѓоко Апостолов – ТЛЕР.

Експертите се согласуваат дека токму ваквиот тип развој е единствениот пат Охрид долгорочно да остане атрактивна дестинација. Циркуларниот и синиот туризам не само што го штитат езерото, туку создаваат нови работни места, повисока додадена вредност и конкурентна позиција на градот на меѓународната туристичка мапа. Останува предизвикот да се зачува природното богатство, а истовремено да се гради туристички производ кој е модерен, одржлив и прилагоден на идните генерации.