Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Охрид домаќин на „Денот на спортот“ и проектот „Zero Waste“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади

Охрид денеска ќе биде домаќин на „Денот на спортот“ и спортско-едукативниот проект „Zero Waste“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади, кои годинава за првпат се одржуваат во Македонија. Настанот ќе се одржи на Кеј Македонија со почеток во 10 часот, а на свеченото отворање предвидено е обраќање на претседателката на Плазма Спортските игри […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид денеска ќе биде домаќин на „Денот на спортот“ и спортско-едукативниот проект „Zero Waste“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади, кои годинава за првпат се одржуваат во Македонија.

Настанот ќе се одржи на Кеј Македонија со почеток во 10 часот, а на свеченото отворање предвидено е обраќање на претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид, Дејан Пецаковски и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.

Како што стои во соопштението на организаторите, на „Денот на спортот“ ќе присуствуваат и повеќе познати спортисти од Охрид, меѓу кои поранешниот фудбалер Драган Бочески, боксерот и македонски репрезентативец Наум Стојаноски и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој со својот тим сезонава го освои ЕХФ Европскиот куп.

Реклама

Охрид е третиот град во кој ќе се реализира проектот „Zero Waste – Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планета“, по претходните изданија во Прилеп и Битола. Проектот е создаден во соработка со компанијата „Coca-Cola“ и има за цел преку спорт и интерактивни активности да ги едуцира децата и младите за одржлив развој и заштита на животната средина.

– Во рамки на програмата ќе се организира едукативен квиз за прашања поврзани со одржливиот развој, како и практични активности за селектирање отпад преку спортски полигон. За најуспешните учесници се предвидени награди. Младите учесници ќе имаат можност да се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини, меѓу кои Coca-Cola Cup за генерација 2011, фудбал за генерација 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна игра – стои во соопштението.

Организаторите ги повикуваат децата, родителите, наставниците и граѓаните да бидат дел од спортскиот настан. По Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола, Охрид е десеттиот град домаќин на Плазма Спортските игри за млади во Македонија.