Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

И ова лето огнот ги пустошеше македонските шуми. Огнените стихии оставија зад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И ова лето огнот ги пустошеше македонските шуми. Огнените стихии оставија зад себе стотици опожарени хектари. Колкави ќе бидат штетите, допрва ќе се утврдува, бидејќи на терен сè уште има активни жаришта. Според Национални шуми, до крајот на јули се регистрирани 138 шумски пожари, бројка која не отстапува од просекот во изминатите години. За споредба, најмногу имало во 2007, кога биле регистрирани дури 652.

„Заклучно со месец јули, штетите се движат некаде околу над 4 милиони евра. Значи, тоа е голема штета, меѓутоа, во однос на она што го имаме во текот на изминатите години, сметам дека е релативно мала. Затоа што, ако јавноста ја запознаеме дека во 2024 година имавме фрапантна бројка од преку 83 милиони евра штета, а минатата, 2025 година, ја завршивме со некаде над 50 милиони евра штета“, изјави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Не секоја опожарена површина значи и целосно уништена шума, објаснува Михаилов. Откако ќе се изврши проценката на терен, се одлучува каде да се интервенира, а каде да се остави природата сама да ја обнови.

Реклама

„Без разлика колкава површина ќе биде зафатена од секој пожар, тоа не значи дека таа цела површина е целосно уништена. Некаде пожарот воопшто и не зафатил, некаде бил приземен, некаде горело трева. Доколку стеблото или, пак, листењакот воопшто не се чепнати од пламени јазици, тогаш таа шума многу лесно ќе се самообнови“, изјави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Дел од пожарите и годинава се подметнати, а други се предизвикани од невнимание, како во Делчево, каде палење гуми во двор предизвика пожар кој зафати околу 220 хектари квалитетна борова шума. За намерните сторители се бараат построги казни. Како пример, Михаилов го посочува Велешкиот суд, каде двајца сторители добиле повеќегодишни затворски казни. Според него, потребно е да се работи и на подигање на свеста за последиците, кои сериозно влијаат врз квалитетот на воздухот и здравјето.