Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Одземени четири лиценци на управители на згради при вонредна контрола на Регулаторната комисија за домување

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти –  управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци.

Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр.160/2025), според кој управителите на станбени згради беа должни најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење согласно со неговите одредби.

Со извршената проверка биле опфатени правни лица – управители на станбени згради со седиште во повеќе градови во државата, меѓу кои Скопје, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип, Битола, Кичево, Велес, Куманово, Кочани и Кавадарци.

Реклама

При проверката констатирано е дека 62 правни субјекти го имаат усогласено своето работење.

– Кај 4 управители, од кои 3 се со седиште во Скопје и една во Струмица, констатирани се неправилности, недоставени податоци или неисполнување на обврските утврдени со закон.  Еден од управителите со одземени лиценци не извршувал дејности над кои ние како комисија имаме надлежност повеќе од 6 месеци наназад и со тоа свесно се откажале од управувањето. Две од правните лица-управители после одземањето на лиценците си ги завршиле комплетно своите обврски согласно Законот за домување, во поглед на враќање на средствата од резервен фонд и изготвување на завршни финансиски извештаи, изјави Никола Затуроски, претседател на Регулаторната комисија за домување. 

Според последните податоци на РКД,  во државава вкупно 8.053 станбени згради се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици. Со лиценцирани управители  се 5.600 објекти, со договори за вршење управувачки услуги со вкупно 135.338  посебни делови, односно станови и деловни простории. Податоците од Централниот регистар, пак, покажуваат дека до средината на декември минатата година има 2.453 активни регистрирани Заедници на сопственици.