Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје, денеска и на 19 декември ќе го одбележи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје, денеска и на 19 декември ќе го одбележи својот Патронат со низа свечени и културно-академски настани посветени на делото и значењето на Блаже Конески.

Централниот настан ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот, во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет. Во рамки на програмата ќе бидат доделени плакети на пензионирани колеги од Факултетот, како и наградите од конкурсот за студентски есеј „Блаже Конески“.

Во продолжение ќе следи промоција на нови изданија на Филолошкиот факултет, меѓу кои списанието „Современа филологија“, Том 8, број 1 (2025), монографијата „Книжевни преведувачи од Филолошкиот факултет“, Зборникот во чест на деведесетгодишнината од раѓањето на проф. д-р Волфганг Моч, како и делата „Француско-македонски јазични паралели“, „Турската кинематографија – Историја, развој и влијание“ и „Циклусот за светулките на Матеја Матевски“. 

Реклама

Настанот ќе биде заокружен со повеќејазично поетско читање на студентите учесници на Преведувачката работилница, по што, во 15:00 часот, ќе следи пригоден коктел во Библиотеката за македонска книжевност и култура.

поред програмата во петок (19 декември) предвидено е полагање цвеќе на гробот на Блаже Конески, а на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во 18:00 часот ќе бидат промовирани „ Зборник Како си ми? бр. 9“ и „Островски 200 години“ , по што ќе биде оржана студентска книжевна вечер „Протоѕвезда” во чест на Блаже Конески.

Со оваа програма, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ уште еднаш ја потврдува својата улога како значаен центар на филолошката мисла, културата и образованието во земјава.