Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Одбележување 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинкав

Еврејската заедница во Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврејската заедница во Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.

По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на годишнината. 

Исто така, и собраниска делегација во состав: Љупчо Пренџов, Дафина Стојаноска и Даниела Николова ќе положи цвеќе на споменикот во поранешниот Монопол, како и на Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејските гробишта и на Градските гробишта Бутел.

Реклама

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска,  присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи.

President Gordana Siljanovska-Davkova attended Tuesday an event commemorating the Holocaust of the Macedonian Jews at the Treblinka memorial in Poland. The President paid her respects to the

Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта Треблинка во 1943 година.

Вчера собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Весна Бендевска поможи цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот Камена Менора и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола.

Евреите од Битола, Штип и Скопје, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол и од таму во три наврати депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска. Транспортот на Евреите од Македонија започнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.

За само 14 месеци, од август 1942 до септември 1943 во Треблинка биле убиени 925 илјади луѓе, меѓу кои биле и 7144-те македонски Евреи.