Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Одбележани 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски со промоција на изданија на МАНУ

На 1 јуни 2026 година, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), свечено се одбележа 80-годишниот јубилеј од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Свеченоста ја отвори претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, со пригодно обраќање посветено на животот, научното творештво и на значајниот придонес на академик Јовановски во развојот на македонската наука. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 1 јуни 2026 година, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), свечено се одбележа 80-годишниот јубилеј од раѓањето на академик Глигор Јовановски.

Свеченоста ја отвори претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, со пригодно обраќање посветено на животот, научното творештво и на значајниот придонес на академик Јовановски во развојот на македонската наука.

Во рамките на настанот беа промовирани изданијата „Собрани трудови IV (2015 – 2025)“ од академик Глигор Јовановски, со осврт на проф. д-р Петре Макрески, како и монографијата „Македонски природни богатства“, чиј приредувач е академик Јовановски, за којашто говореше проф. д-р Валентин Мирчески, дописен член на МАНУ.

Реклама

Настанот привлече голем интерес кај научната и пошироката јавност, за што сведочеше исполнетиот Амфитеатар на МАНУ. Свеченоста беше заокружена со обраќање на академик Глигор Јовановски, кој се заблагодари за укажаната чест и за долгогодишната поддршка од колегите, соработниците и од институциите со кои соработувал во текот на својата научна кариера.