Реклама

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Македонија

Одбележан Европскиот ден на правдата: Пристапот до правдата е темелот врз кој се гради секоја вистинска демократија, а законот не е привилегија, туку заедничка гаранција

Пристапот до правдата е темелот врз кој се гради секоја вистинска демократија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пристапот до правдата е темелот врз кој се гради секоја вистинска демократија, а законот не е привилегија, туку заедничка гаранција. Правдата треба да биде достапна за сите и во секое време, бидејќи правдата што им служи само на оние што може да си ја дозволат не е вистинска правда. Бесплатната правна помош не е милостина, туку право и сите луѓе мора да имаат пристап до законот. 

Ова беше порачано на одбележувањето на Европскиот ден на правдата и 30-годишнината од членството на Македонија во Совет на Европа, во организација на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, со поддршка на Европската Унија.  

Заменик генералниот секретар на Совет на Европа, Бјорн Берге, во видео порака, на отворањето на настанот, ја нагласи триесет годишната соработка со Советот на Европа, којашто ја докажува посветеноста на властите на демократијата, човековите права и владеењето на правото. 

Реклама

-Искрено ја цениме вашата посветеност на основните вредноста на Советот на Европа. Им благодарам и честитам уште еднаш на сите влади од независноста наваму, како и на граѓанскиот сектор, кои водат круцијални програми за заштита на човековите права и на демократијата, заклучи Берге. 

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, нагласи дека пристапот до правда е темелот врз кој се гради секоја вистинска демократија, и кој е гаранција дека ниту еден граѓанин нема да биде оставен сам пред неправдите, дека правдата е реална и дека институциите навистина им служат на луѓето. 

-Како Министерство за правда, континуирано работиме на три клучни приоритети: унапредување на законодавството и зголемување на правната заштита; обезбедување бесплатна правна помош за оние на кои таа им е најпотребна; јакнење на капацитетите на правосудството – затоа што силни институции значат силна држава. Да продолжиме заедно да го градиме системот во кој граѓаните ќе знаат дека државата стои зад нив, нивните права се неприкосновени, а омразата и дискриминацијата немаат место во нашето општество, нагласи Деребан. 

Заменик амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во земјава,  Бен Нупнау, истакна дека по повод Европскиот ден на правдата, се потсетуваме на посветеноста на државава кон човековите права, демократијата и владеењето на правото. 

-Во Македонија е постигнат голем напредок во оваа област, но приближувањето на правдата до граѓаните и граѓанките е процес кој континуирано се подобрува. ЕУ и Советот на Европа ќе продолжат да поддржуваат понатамошни надградувања и да им помагаат на властите во обезбедувањето еднаков пристап до правдата за сите граѓани, изјави Нупнау.

Заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски,  истакна дека Министерството за социјална политика, демографија и млади се стреми да обезбеди праведен и достапен систем кој ги штити правата на сите граѓани, особено на најранливите. 

-Со промовирање на еднаквост, достоинство и активно учество на граѓаните, Министерството гради инклузивни политики што создаваат посилно и поправедно општество, рече Велковски. 

Амбасадорот Кире Илиевски, директор за мултилатерални односи во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нагласи дека денешниот настан посветен на одбележување на Европскиот ден на правдата се организира токму во месецот кога славиме значаен јубилеј – 30 години членство во Совет на Европа. 

-Во овие три декади на созревање на македонската демократија, беше вложен голем труд при изградба на силни партнерски односи, во насока на унапредување на европските стандарди во областа на владеење на правото и човековите права, од значење за сите граѓани во Македонија, како и за напредок на патот кон целосна ЕУ интеграција, изјави Илиевски.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, ја нагласи клучната улога на адвокатите во давањето на бесплатна правна помош и нивната одговорност да им помагаат на граѓаните да добијат правда. Тој исто така ја потенцираше важноста од недискриминацијата, еднаквоста, заложбата за ранливите групи граѓани и граѓанки и пристапот до правда како клуч за еднакво општество.

Во рамки на настанот беа објавени и победниците на натпреварот за цртежи и есеи „Да ја доближиме правдата до граѓаните и граѓанките“ во којшто учествуваа деца и млади, а во насока на важноста на еднаквиот пристап до правдата за сите, без дискриминација. Учесниците на настанот имаа можност да ја разгледаат изложбата на избрани цртежи.

Натпреварот кој заврши на 25 октомври, го одбележи Европскиот ден на правдата и има за цел да ги вклучи младите луѓе да се залагаат за еднаков пристап до правдата за сите, за промоција на човековите права, еднаквоста и разноликоста и за борба против омразата и нетолеранцијата.   

Настанот е организиран во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција”, иницијатива за соработка со која им се помага на корисниците од Западен Балкан да ги достигнат европските стандарди.