Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

🎥 Од утре до 15 септември – училишниот прибор достапен за 10-15 проценти пониски цени

       Заштита на животниот стандард и значителна помош за семејниот буџет е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Заштита на животниот стандард и значителна помош за семејниот буџет е целта на новата „училишна кошничка“ која стартува од утре. Цените на сите ученички материјали, со оваа владина мерка, се враќаат на нивото од 1 јуни и истата ќе биде на сила до 15 септември. Според проекциите, цените ќе бидат намалени за 10, односно 15 проценти со што семејствата кои имаат двајца ученици ќе заштедат од 3000-4000 денари.

   „Училишната кошничка“ секако ќе ги опфати и студентите, бидејќи на 1 октомври започнува и студентската година. Да напоменам дека „училишната кошничка“ овој пат е навремена…Инаку, одлуката го содржи следново: намалувањето на цените ќе биде земано од 1 јуни, во трговијата на големо ќе имаме намалување од 10 проценти и во трговијата на мало – намалувањето ќе биде околу 15 насто. Споредено со минатата година кога имавме заштеда по ученик од 750-1000 денари, сега очекуваме отприлика, заштедата по ученик да биде од 800 до 2000 денари“, – изјави Марјан Ристески, зам.министер за економија и труд.

  Почитувањето на овие мерки е задолжително за сите трговци, акцентира Ристески, и додава дека веќе од утре и Пазарните инспектори ќе бидат постојано на терен пришто секоја детектирана аномалија ќе биде ригорозно казнета. Казните се движат од 800 евра до 10.000 евра во зависност од големината на продажниот пункт каде се продава училишниот прибор.

Реклама

  „Лани прво имаше опомени, меѓутоа на оние кои не ги почитуваа мерките, беа изречени и казни. Мислам дека висината на казните беше некаде околу 200.000 евра на ниво на Македонија. И овој пат нема да бидат поштедени, бидеј нам главен таргет и цел ни се граѓаните, односно учениците во текот на овој период  кога ќе започне учебната година“, – потенцира Ристески.

   Мерката „училишна кошничка“ во земјава се спроведува по вторпат. Лани беше спроведена со извесно задоцнување и нејзиниот почеток беше од 15 септември што се покажа како своевиден пропуст.

  Инаку, напоредно со овие мерки, Владата веќе интензивно работи и на длабоките анализи за зауздување на инфлацијата. Според Ристески, во изминатиот период се успеало наследената висока инфлација да биде намалена за неколку индексни поени. Меѓутоа, како што кажа, тоа било далеку од доволно, заради што, овој пат Владата работи на мерки кои ќе имаат долгорочни ефекти за заштита на стандардот на граѓаните. Неговите уверувања се дека и овој сет на нови мерки ќе биде донесен за релативно скоро време.