Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

Климатските промени сè посилно го погодуваат македонското земјоделство. Прогнозите се сериозно предупредување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Климатските промени сè посилно го погодуваат македонското земјоделство. Прогнозите се сериозно предупредување – екстремните временски настани ќе бидат сè почести и поинтензивни, а со нив расте и ризикот за земјоделските култури и приносите. Сушите се подолги, температурите повисоки, а градот, поројните дождови и доцните мразеви, во периоди кога не треба да ги има, ги уништуваат посевите, загрозувајќи ја егзистенцијата на земјоделците.

Експертите предупредуваат дека без сериозна адаптација и инвестиции, ќе се зголемуваат загубите во земјоделството како најранлив сектор.

„Тука ни се потребни сериозни финансиски средства за да можеме да се прилагодиме и од аспект на оние стресови поврзани со потребата од вода, сè поголемо опустинување, сè поголема суша, сè поголема загуба на принос на земјоделските култури и сè повеќе и повеќе екстремни временски настани и штети. Во моментот, поврзани со суша и со намалување на количините на водни резерви, се Југоисточниот и Вардарскиот регион“, вели Бојана Станојевска Пецуревска, Центар за климатски промени.

Реклама

Но проблемот не е само во недостигот на вода. Повисоките температури и подолгите сушни периоди бараат промена и во самото производство – од изборот на сорти до начинот на заштита на насадите. Земјоделството ќе мора да се прилагодува на услови кои стануваат сè понепредвидливи. А тоа значи инвестиции – не само во механизација. Земјоделците се воздржуваат од инвестиции во заштитна опрема, бидејќи не знаат дали тоа за нив е исплатлив чекор.

„Затоа викаме дека треба да се адаптираме кон нови сорти што ќе бараат помалку вода, а ќе издржат повисоки температури, односно потопли лета, поголеми сушни периоди. Значи, ако сакаме да постигнеме напредок во заштитата од климатските промени, треба да инвестираме во знаење, во нови сорти и, пред сè, во превенција за спречување од, на пример, град или да поставиме мрежи и така натаму. Она што е тешкото, земјоделците сè уште инвестициите само ги гледаат во, да кажам, во машини, трактори и така натаму“, вели Филип Стојановски, Центар за климатски промени.

Експертите укажуваат дека земјоделците не можат сами да го понесат товарот на климатските промени. Потребна е координирана акција на институциите, поголема финансиска поддршка и стратегија што ќе го подготви земјоделството за она што доаѓа. Зашто климатските промени веќе не се само еколошки проблем. Тие стануваат директна закана за производството на храна.