Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Од Градско до Фариш ќе се вози по експресен пат – пуштена за сообраќај и втората делница

На последниот ден од месецов, по цели 9 години од почетокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На последниот ден од месецов, по цели 9 години од почетокот на изградбата, конечно е ставена во употреба експресната делница Фариш-Дреново, како еден од најтешките патни проекти на кои интензивно се работеше во последнава година и каде Владата мораше да ја помесети дури и планината. Станува збор за 10,2 км модерен и безбеден експресен пат, со два тунели во исклучително опасен терен.

  „Кога дојдов на функцијата директор на ЈПДП, овој пат во најголем дел беше направен. Меѓутоа, се работеше со многу, многу слаб интензитет, речиси и да не се работеше. Омашер проблеми кои што треба да се решат.Се решија пет косини,  при што беа отстранети околу 50 илјади метри кубни земја и камења. Исто така, втор проблем беа и две карпи кои што беа отстранети, едната на висина од 35 метри,а другата на висина од 75 метри кои претставуваа голема опасност по безбедноста на овој пат“, – изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

   Оваа делница е една од главните патни артерии кои се особено значјни за целиот Пелагониски регион, но и сложен подвиг со кој и буквално се помести дури и планината, посочи министерот Александар Николоски.

Реклама

   „Ние решивме отворањето да се помести за неколку месеци, се со цел да имаме максимално безбеден експресен пат  по кој што граѓаните ќе можат да сообраќаат, но исто така и да ги отстраниме сите пречки кои што стоеа на реализацијата на овој пат. Замислете, претходната Влада не помислила дека ако цела – не карпа, туку палнина виси над патот и дека е  возможно во дадени временски услови, не дај Боже, истата да се сруши и на патот“, – рече Александар Николоски, вице-премиер и министер за транспорт и врски.  

  Вредноста на овој Експресен пат е близу 45 милиони евра, обезбедени преку ЕБОР и според премиерот Мицкоски, овој пат не завршиле во нечии џебови како провизии по принципот „како досега“, туку се реални проекти пред очите на граѓаните.

   „Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот. Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен. Дојде време кога парите од граѓаните се враќаат назад кај граѓаните преку проекти, патишта училишта, фабрики. Денес Македонија се гради чекор по чекор, делница по делница, проект по проект, со чесна работа, домаќинска политика и межународни партнерства“, – посочи Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

   Инаку, според пресметките, со овој нов пат патувањето од Битола и Прилеп кон Скопје дополнително ќе се намали за уште 30-тина минути, а по изградбата на Автопатот Прилеп – Битола, за најмалку уште толку. Исто така, план на оваа Влада е да се изгради и трета лента на Плетвар со пробивање на уште еден тунел.