Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Свет

Објавена содржината на планот на Трамп за крај на војната во Украина

Украина се соочува со засилен притисок од САД да го прифати новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украина се соочува со засилен притисок од САД да го прифати новиот американски план за завршување на војната со Русија, вклучувајќи закани за прекин на разузнавачка поддршка и снабдување со оружје, пренесуваат за „Ројтерс“ два добро упатени извора. Еден од нив тврди дека Доналд Трамп очекува Украина да го потпише нацрт-договорот до 27 ноември.

„Тие сакаат да ја сопрат војната и сакаат Украина да ја плати цената“, изјави еден од изворите.

Володимир Зеленски потврди дека е подготвен да разговара со САД откако го добил нацртот на новиот план, кој од Украина бара сериозни отстапки. Според пишувањата на неколку американски медиуми, планот предвидува Украина да го предаде регионот Донбас во целост, да ја преполови својата војска и да се обврзе дека нема да се приклучи кон НАТО — барања кои досега беа неприфатливи за Киев. Остатокот од фронтот би останал замрзнат на сегашните линии.

Реклама

Документот предвидува и намалување на украинската војска на 600.000 припадници и предавање дел од вооружувањето, додека европски борбени авиони би биле стационирани во Полска како дел од „цврстите безбедносни гаранции“. Планот опфаќа и реинтеграција на Русија во светската економија преку укинување на санкциите, враќање во групата Г7 — која повторно би станала Г8 — и префрлање на замрзнатите руски средства во инвестициски фонд.

Зеленски, кој вчера се сретна со висока американска воена делегација во Киев, најави дека ќе разговара со Доналд Трамп во следните денови.