Реклама
Прилози

Обединување VS попуштање: Мицкоски повикува на заштита на македонските национални интереси, Филипче на Бугари во Устав

Македонските позиции се јасни и непроменети и нема цена која може да ме натера да влезам во авантура, во која што нема да има извесен крај, порача премиерот Христијан Мицкоски, повикајќи ги граѓаните на обединување, за заштита на македонските национални интереси. Ова доаѓа по пораката на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, дека единствениот начин […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските позиции се јасни и непроменети и нема цена која може да ме натера да влезам во авантура, во која што нема да има извесен крај, порача премиерот Христијан Мицкоски, повикајќи ги граѓаните на обединување, за заштита на македонските национални интереси. Ова доаѓа по пораката на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, дека единствениот начин да ги започнеме преговорите за членство се условите кои ги прифатија СДСМ и ДУИ во 2022-ра, односно внесување на Бугарите во Устав.

Според Мицкоски, Македонија многу пати добивала ветувања во минативе две и пол декади, но сепак се уште сме вели каде што сме. Потенцира дека маратонот за влез во Унијата се победува со ум, а не со притисок и брзање.

-Не постои цена која што може мене како претседател на Владата да ме натера да влезам во таква авантура, а во која што нема да има извесен крај. Многу пати во минатото на граѓаните, но и на политичарите од македонската Влада им беа давани ветувања, беа тапкани по рамо дека уште ова треба да се направи, верувајте ми на зборот итн, но за жал ние се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 26 години, изјави Мицкоски.

Реклама

Она што го бара македонската Влада се гаранции дека во иднина нема да има нови непринципиелни блокади од Бугарија, но такво нешто во моментов изгледа невозможно. Пред се и поради фактот што во Софија има нова Влада, предводена од Румен Радев, кој во минатото ни порача дека уставните измени се само почеток, на она што државава ќе мора да го исполни на барање на Бугарија.

-Таму драматично се радикализира состојбата и не само што ова не е единствениот услов за да влеземе во процесот и тој процес да го изодиме до крај. Туку, напротив таму работите драматично се радикализираат, а причаната за тоа нормално е опозицијата кај нас, изјави Мицкоски.

Филипче пак повторно со истиот став, јасно било дека морало уставни измени, не постоеле можности за одложено дејство или дополнителни гаранции, иако сега е свесен дека Бугарија може и во иднина да не блокира.

-Нема гаранции во процес на преговори, треба да се исполнат услови, немало гаранции за Хрватска, за Бугарија, за Словенија немало гаранции. Па Италија ја блокирала Словенија на почетокот на 2000-дите години, додека не се решело прашањето со Италијаните кои што живееле во тие делови, тоа е отворено прашање и за Хрватска тогаш со Италија, па се решиле тие билатерални спорови и продолжил патот, изјави Филипче.

Филипче отиде и контра шефот на Европскиот Совет, кој упати пофалби за спроведувањето на реформи во Македонија. Сепак, според лидерот на СДСМ Владата била неуспешна и не правела ништо во реформскиот процес.

Матеја Петровски