Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

НВО „Градиме иднина“: „На Македонија и’ недостасува институционална грижа за децата во социјален ризик“

Фрапантно разочарувачки се бројките во цела Македонија на децата кои питачат, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фрапантно разочарувачки се бројките во цела Македонија на децата кои питачат, кои се злоупотребуваат и кои живеат во социјален ризик. Преку 2.000 деца постојано се на улиците, а не е мал бројот ниту на малолетници кои се продаваат за сексуални услуги, конзумираат дроги, не посетуваат училишта и имаат сериозно нарушено здравје, што ќе рече дека на државава и’ недостасува организирана институционална грижа за децата кои живеат во социјален ризик, иако сето тоа се случува на очиглед на сите, тврдат од НВО „Градиме иднина“.

   „Ние со овој прокет бараме институционално да се решаваат проблемите, бараме да се отвораат повеќе дневни центри во цела Македонија. Стручни тимови од социјални работници, педагози, медицински лица, дефектолози, сите тие да работат и верувајте кога институционално ќе се решаваат проблемите, овој проблем на ниво на цела Македонија ќе го нема“, – вели претседателот на НВО „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ. 

   Од 15 до 25 деца биле изложени на сексуална продажба, било од родителите, било од макроата, потоа дури 1436 средношколци користеле и користат наркотични средства, а над 4.000 деца немаат никакви документи, објаснува Јовановиќ, потпирајќи се на податоците добиени од неколкумесечното истражување во рамките на проектот „Стоп за питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје“. Според него, после Скопје, Прилеп е еден од најзафатените градови со овој вид организиран криминал.

Реклама

   „Ги замолувам сите прилепчани да се вклучат во овој проект. Престанете да им давате по 50, 100 или 500 денари затоа што тие се големи театарски глумци за питачење во градот Прилеп. Доколку, проектот не го поддржат Советот и општина Прилеп, НВО „Градиме иднина“ со други спознзорства, самоиницијативно ќе го помага градот Прилеп да се отстранат сите питачи од градот“, – кажа Јовановиќ.

  Од прилепскиот Центар за социјална работа признаваат дека овој проблем постои, но според директорот Дејан Тошески, тоа не било алармантно, бидејќи станувало збор само за неколку деца – питачи, ако се изземат оние кои неретко се носеле од другите градови. Тошески уверува дека нивните служби во соработка со МВР еднаш неделно прават акции за пронаоѓање на злоупотребените деца, а се работело и со семејствата од социјален ризик, иако не секогаш се постигнувал посакуваниот резултат. И нивниот апел е, за да се ублажи оваа појава, граѓаните да не им даваат пари на децата-питачи.

                                                                                                          Каролина Дурло