Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

НСРР: Потребно е поголемо женско учество во политиката, 20 набљудувачки ќе ги следат изборните активности во 12 општини

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, од вкупно 309 кандидати за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, од вкупно 309 кандидати за градоначалници низ Македонија, само 32 се жени, што претставува само 10,4 отсто. Ова ја отсликува ниската застапеност на жените на највисоките позиции во локалната власт и покажува дека во повеќе од две третини од општините нема ниту една жена кандидат за градоначалник, соопшти денеска Националниот совет за родова рамноправност (НСРР).

Од НСРР изразуваат поддршка за сите жени кандидатки за градоначалнички  и носителки на советнички листи на локалните избори 2025 година.

-Во градови како Прилеп има три жени кандидатки, додека во други поголеми општини како Битола, Велес, Неготино, Центар, Карпош и Кисела Вода има по две жени кандидатки. Во трката за градоначалник на Град Скопје од 16 кандидати само една е жена, што дополнително ја потврдува потребата од зголемување на женското учество во носечките позиции.

Реклама

Како Национален совет за родова рамноправност не сме задоволни од овие бројки и сметаме дека  потенцијалот на жените во политиката е многу поголем. Затоа, продолжуваме со посветена работа  и поддршка на жените на сите нивоа, со цел да ги охрабриме да се вклучат во политичките процеси, да ги засилат своите позиции и да го остварат правото на рамноправно учество во одлучувањето, се вели во соопштението.

Претседателката на Националниот совет за родова рамноправност на Македонија Савка Тодоровска посочува дека како организација секогаш ќе стојат цврсто зад жените кои се вклучуваат во политиката. 

-Сепак, овие бројки нѐ потсетуваат дека патот кон вистинска родова рамноправност е уште долг. Потребни се повеќе конкретни мерки, поддршка и мотивирање на жените да се пријавуваат и да учествуваат во политичкиот живот. Само со зголемено женско учество може да создадеме праведни и инклузивни локални самоуправи каде што гласот на жените ќе биде слушнат и ценет, изјави Тодоровска.

Од НСРР ги повикуваат граѓаните да ја поддржат женската политичка активност и да гласаат за кандидатите кои ја промовираат родовата рамноправност и инклузивноста.

-Рамноправноста не е привилегија, туку право и основа за стабилно и одговорно локално управување. Во духот на транспарентноста и заложбата за фер и правични избори, Националниот совет за родова  рамноправност на овие избори ќе учествува со 20 набљудувачки кои ќе ги следат изборните активности во 12 општини ширум земјата, се вели во соопштението.