Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“ – започнува официјалната примена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека новиот Закон за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека новиот Закон за енергетика е објавен во „Службен весник на Македонија“, со што по предвидениот рок од денот на објавувањето и официјално започнува неговата примена.

Овој системски, реформски и европски усогласен закон беше изгласан во Собранието со силна поддршка, претставувајќи нов темел на енергетската политика во земјата – закон со кој темелно се регулира овој сектор и кој нуди визија за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина.

Новиот Закон за енергетика е резултат на посветената работа на домашни експерти од Министерството.

Реклама

Донесен преку инклузивен процес што ги вклучи сите релевантни чинители – институции, експерти, оператори, бизнис-секторот, регулаторното тело и граѓански организации. Со имплементацијата на новиот закон, Македонија добива јасна и стабилна рамка за:

•значајно зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка,

•повисока енергетска ефикасност и намалување на загубите,

•отворен пазар и активно учество на граѓаните како производители и потрошувачи на енергија,

•заштита на ранливите категории и намалување на енергетската сиромаштија,

•предвидлив амбиент за домашни и странски инвестиции во нови енергетски капацитети.

Законот доби поддршка и од Секретаријатот на Енергетската заедница, што е силна потврда за посветеноста на нашата држава кон европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ.

Официјалната примена на законот претставува почеток на конкретни активности за дигитализација, модернизација и зелена трансформација на енергетскиот сектор, во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.

Министерството ќе продолжи со координирана и одговорна имплементација на сите одредби, со јасна цел: да се обезбеди стабилна, чиста и достапна енергија за сите граѓани и за стопанството.
Со овој закон, Македонија прави важен чекор напред – кон енергетска безбедност, зелен раст и европска иднина.