Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Новиот оперативен план за вработување на млади лица, ќе стартува најдоцна за една недела

Со рекордни 40 милиони евра, преку новиот Оперативен план, државата ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со рекордни 40 милиони евра, преку новиот Оперативен план, државата ќе го стимулира вработувањето на младите во земјава, со кој ќе бидат опфатени 16.500 лица. Со мерките и подмерките кои се нотирани во него, ќе има можности и за самовработување каде лицата на возраст над 29 години ќе добиваат по 7.000 евра, а додека за возрасната група до 29 години, тие изнесуваат 10.000 евра. Зголемување на висината на средствата има и кај двете групи, односно кај првата група тие се зголемени за 1.000 евра, а додека кај втората за 4.000 евра, во однос на претходно.

„Новитет во овој План за вработување е и тоа што можат да се здружуваатво ДОО и две млади лица на пример, до 29 години кои што можат да користат 20.000 евра, или над 29 години до 14.000 евра. Тоа е една навистина позамашна сума на средства со која што можат својот бизнис план да го преточат во добар бизнис со кој понатаму  би опстојувале“, – изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Освен ова, со Планот се предвидени и повеќе разнородни обуки – за ИТ-вештини, за претприемништво, за водење на бизнис, за изучување странски јазици и сл., а заради зачестените проблеми со пожарите во земјава ќе има и сезонско ангажирање на 400 лица во мерката за Јавни работи, за минимална плата до 24.000 денари.

Реклама

За мерките од овој Оперативен план, заинтересираните млади ќе можат подетално да се информираат, но и да аплицираат најдоцна за една недела во 30-те Подрачни единици на Агенцијата за вработување, откако претходно за него ќе се произнесе Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Главниот и генерален услов за учество во активните мерки е да бидат пријавени и евидентирани како невработени лица, активни баратели на работа. Само овие лица можат да бидат учесници во сите активни мерки“, – рече Весна Пешева, заменик директор на АВРМ.

„Од оваа година, за прв пат, Агенцијата (за претприемноштво) си ја презема обврската да ги земе и обуките за претприемништво, како и менторството…За сите три мерки, обуките се веќе дефинирани, тоа се обуки за претприемачи. Секој што сака да основа свој бизнис, мора прво да помине дводневна обука за претприемништво“, – рече Даниела Димовска, в.д. директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото.  

Оперативниот план денеска беше претставен на јавна трибина во Прилеп, а според најавите вакви трибини ќе се организираат и во другите општини во државава.