Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Комисијата предлага нови мерки, Владата се уште не ги усвоила старите

Слободен излез од Македонија, без поседување на ПСР-тест или потврда за прележан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слободен излез од Македонија, без поседување на ПСР-тест или потврда за прележан Ковид и бремените жени да се вратат на работа предлага Комисијата за заштита од заразни болести.

„Тоа не значи дека во земјите каде е потребно да се поседува сертификат или ПЦР дека нема да се бара туку се укинува само мерката од минатата година дека треба овие документи да се прикажат при излез од нашата држава“, рече д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Согласно примерите од светот, Комисијата предлага да се укине и ослободувањето од работа на бремените жени, кои и покрај бременоста или доењето треба да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.

Реклама

Предлозите кои ги дава Комисијата ќе треба да се разгледаат на Главниот кризен штаб, по што Владата ќе одлучи дали ќе ги прифати или одбие.

Сепак, Главниот штаб се уште нема одлука ниту за предлогот на Комисијата од пред две недели… сертификатите за прележан Ковид-19 наместо досегашните 45 дена да траат 180 дена.

Од Илиндеска за Алфа велат дека предлогот ќе се разгледува на првиот нареден состанок на главниот координативен кризен штаб по што конечната одлука ќе ја донесе владата.

Во меѓувреме, опаѓа бројот на заразени од Ковид-19 во Македонија. За минатата недела бил помал за 30% во споредба со претходната, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Инаку во последните седум дена, биле регистрирани 6.119 нови позитивни случаи, што е намалување, од 29,2 отсто, во однос на неделата претходно. Процентот на позитивни, се движи просечно 25,8% од вкупниот број на тестирани.

Во Македонија, преовладува Омикрон варијантата, а кај останатите 40,8 отсто,  верзијата на Омикрон – позната како Стелт.

Од скринингот кој се спроведува кај децата, од тестирани 800 ученици, досега позитивни на Ковид биле 8. Комисијата за заштита од заразни болести вели дека оваа недела има тренд на намалување на заразени во сите старосни групи, меѓу кои и во онаа на деца од шест до 14 години, во која минатата недела имаше зголемување на трансмисијата. Скринигот се уште трае, по што здравствените власти ќе излезат со заклучок за трансмисијата кај најмалите.

Викторија Миткова