Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Новата Детска градинка во Прилеп наскоро ќе биде престојувалиште за 218 предшколски деца

Му се наѕира крајот на долгогодишниот проблем со недостатокот од градинки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Му се наѕира крајот на долгогодишниот проблем со недостатокот од градинки за предшколските деца во Прилеп. Огромните листи на чекање чиј број на запишани деца со години не се менува и речиси секогаш е над 250 дечиња, најверојатно веќе од март ќе станат минато. Со изградбата на новата Детска градинка „Бајка“ за 218 деца, младите родители ќе можат да здивнат. Градежните работи, како и опремувањето се комплетно завршени, и во моментов тече огласот за вработување на потребниот кадар од 32 лица, по што Градинката ќе биде ставена во функција, уверуваат од ЈОУДГ „Наша иднина“.

„Огласот е објавeн за 32 лица од кои што има за воспитувачи, негователи, психолог и помошно-технички персонал….Распишан беше Огласот на 31 декември и излезе во дневни весници. Сега течат роковите и очекувам негде, најмногу за две недели, да се заврши постапката“, – ни рече Христина Трпческа, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“, Прилеп.

Новата прилепска градинка се градеше неколку години и според својот капацитет е втора по големина во земјава. Првично беше проектирана за 252 деца, но поради детектираните пропусти, што на некој начин го пролонгира и нејзиното пуштање, извршена е нужна преадаптација на просторот и намалување на капацитетот за дваесетина деца.

Реклама

„Во објектот има 11 занимални во кои што ќе бидат згрижени деца од 9 месеци до поаѓање во училиште….Две од занималните не можат да се употребуваат за престој на деца, имало недостаток во проектирањето на објектот и двете занимални се без вц- шољи во санитарните јазли. А според Правилникот за стандардите за детски градинки, не можат да бидат употребувани како занимални за престој на деца“, објаснува Трпческа.

Инаку, Детската градинка „Бајка“ започна да се гради уште во април 2021 година. Вредноста на овој проект изнесува околу 2 милиони евра. Објектот се простира на површина од 5.030 метри квадратни и е со призмје и кат каде се сместени занималните и детските јассли. Има централно подно греење, фотоволтаици на зелениот покрив и ги задоволува сите современи европски стандарди. 

Каролина Дурло