Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Нова закана за ДУИ – ќе се формира македонска верзија на косовско „Самоопределување“?!

Албанскиот опозициски фронт не е единствената закана за уривање на моќната ДУИ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот опозициски фронт не е единствената закана за уривање на моќната ДУИ. Македонска верзија на „Самоопределување“, партијата на косовскиот премиер, наскоро ќе се формира и во Македонија, а таа може да земе голем број од симпатизерите на Али Ахмети.

Некои медиуми веќе објавија дека не е исклучена можноста оваа партија да учествува и на претстојните парламентарни избори, но се уште не се знае ниту како ќе изгледа правната форма на политичкиот ентитет.

Според дел од медиумите веќе започнале активностите за формирање на правно лице кое произлегува од движењето во Косово, кое ќе се регистрира во Македонија.

Реклама

Веќе започнале активностите за формирање на правно лице кое произлегува од движењето во Косово, кое ќе се регистрира во Македонија. Се очекува да го предводи Беким Ќоку, советникот за односи со Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, како и поранешниот дипломат и поранешен кандидат за претседател на Македонија, Блерим Река – пишува „Фронтлајн“.

Курти летово беше во посета на Скопје и Тетово. Тој не се сретна со никој од државниот врв, ама беше топло пречекан од лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, градоначалникот на Тетово и прв човек на БЕСА, Биљал Касами, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити.

Познавачите пак коментираат дека македонската варијанта на „Самоопределување“ може да постигне голем успех, бидејќи само политиката на Курти би го натерала апатичниот Албанец да излезе и да гласа.

„Курти е единствен албански лидер кој во Македонија ќе може да го поттикне апатичниот албански гласач кој со години не излегува на избори. Овде има многу албански семејства кои што имаат косовско потекло и едвај чекаат да дојде некој како Курти за да му дадат поддршка. Тоа ќе значи голем ризик за ДУИ. „Самоопределување“ неколку години се спомнува дека ќе се формира.– вели аналитичарот и новинар Џенур Исени.

Голем дел од експертите сметаат дека партијата на Ахмети пука по сите шавови. На ДУИ, која е две децении на власт, како никогаш и се заканува пропаст. Најмногу тоа се докажа со отцепувањето на дел од членството кое се организираше во ново движење – партијата на Изет Меџити. Коалицијата може да извиси и од страната на Алијанса за Албанците која иако влезе во Владата, се повеќе покажува разочараност од политиките на своите партнери бидејќи и таму се случува таен раздор.

Адријана Алексиеска

https://youtu.be/kV7Ih64aUl0