Реклама
Прилози

🎥 „Нова сигнализација на делницата од експресниот пат Прилеп – Градско за поголема безбедност на возачите“

Постоечката сообраќајна сигнализација на наследениот проект за изградба на новата делница од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постоечката сообраќајна сигнализација на наследениот проект за изградба на новата делница од Експресниот пат Прилеп-Градско, ќе се коригира. Големиот и длабок свиок пред исклучувањето за Скопје од страната на Прилеп, неприлагодената брзина на возачите, но и непочитувањето на постојната сообраќајна сигнализација, за жал, веќе одзедоа и пет животи. Ова се само дел од причините за оваа делница веќе да стане „црна“ сообраќајна точка на која и’ треба итна корекција, вели директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, кој веќе издал и налог за ново сообраќајно решение, се’ со цел – максимална безбедност за сите учесници во сообраќајот.

 (ТЕЛОП)„Тој е наследен проект, и од аспект на Основен, и на Градежен, а и на Сообраќаен проект. Сето тоа е направено според важечки законски прописи. Меѓутоа, со оглед на тоа што имаше повеќе жртви на овој пат, ние веќе направивме нов Проект. Проектот е даден во Министерството за транспорт и врски, и очекуваме за многу краток период тој да биде одобрен и од Министерството за транспорт, и од МВР. После тоа ќе пристапиме кон нова сообраќајна сигнализација за која сметаме дека ќе ги намали и несреќите, а особено жртвите“, –  вели Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

   Со новата сигнализација треба да бидат поставени многу повеќе знаци, отколку што е тоа со Законот предвидено и задоволително, уверува Трајановски, и притоа апелира и до возачите за максимално почитување на сообраќајната сигнализација, со препорака – особено внимателни да бидат оние возачи кои не го знаат, или ретко го возат овој пат.

Реклама

 (ТЕЛОП) „Со оглед на тоа што станува збор за Експресен, побрз пат, возачите се олабавуваат, возат брзо и тоа предизвикува сериозни проблеми. Во секој случај, детектирано е кој е проблемот, се прави новиот сообраќаен режим и мислам дека за релативно кратко време ќе биде решено“ – појаснува Трајановски.

   Трајановски вели дека многу слична ситуација имало и на новиот пат пред влезот во Крива Паланка. Но, и таму откако било сообраќајно интеревенирано, сега состојбата била далеку побезбедна. Заради појавата на ваквите црни точки, и покрај исполнувањето на законските прописи, Државни патишта веќе ги имаат зголемено контролите, и во соработка со МВР, секаде каде што е потребно, итно се прават сообраќајни корекции.