Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Нова процедура на Кардиологија – пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство

Пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да одат на лекување во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да одат на лекување во странство.За првпат на Клиниката за кардиологија е извршен кардиолошки зафат кој се користи за лекување на опасни по живот аритмии што потекнуваат од срцевите комори. Тимот на кардиолози велат дека со оваа интервенција, Македонија се приклучува на мал број земји во регионот кои располагаат со услови и експертиза за третман на најтешките форми на срцеви аритмии.

Со оваа процедура овозможуваме навремето и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО, рече Петкоска Спирова.

За овие комплексни срцеви аритмии, ФЗО досега издвојуваше повеќе 15 до 20 илјади евра по пациент за третман на истите во странство, бидејќи не беше возможно овие процедури да се прават во нашата држава.

Реклама

Покрај успесите на кардиолозите за новата метода, надлежните соопштија дека досега се пријавени 25 сомнителни случаи за кардиохируршки интервенции кои треба да ги испитува Интерната Комисија во Министерството за здравство.

Експертите ја завршиле анализата на дел од случаите од медицински истории доставени од државните Кардиологија и Кардиохирургија, но засега нема да кажуваат во јавност што откриле додека не бидат испитани сите што стигнуваат до Комисијата. Се уште во истрагата не се вклучени тројцата странски доктори.

“Уште седум наоди треба да се анализираат. Знаете дека тие процеси бараат време. Прво тие експерти се и така во мал број за нашата земја. Освен оваа работа тие дневно имаат активности во амбуланта и операционите сали, затоа оваа динамика на работа не зависи од нас како Министерство, туку зависи од целиот експертски тим кои не се малку на број и се оптоварени со нивните секојдневни обврски со давање здравствени услуги на граѓаните”, посочи Алиу.

Претставките стигнуваат по аферата која ја обелодени Д-р Кедев дека се правеле непотребни операции само за да се направи профит на дел од клиниките во Македонија.