Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Бизнис

🎥 Нова инвестиција на турски „Чагатај Кабло“ тешка шест милиони евра   

200 нови вработувања со инвестицијата на „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје. Компанијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

200 нови вработувања со инвестицијата на „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје. Компанијата одлучи да го прошири производството со отворање нова фабрика на површина од 10 илјади квадратни метри , односно речиси двојно поголема фабрика од постоечката. Планот на компанијата е да воведе најсовремена технологија и методи за производство во автомобилската индустрија со што планира да ја зајакне својата позиција на пазарот и ќе ги задоволи зголемените барања на своите клиенти.  Компанијата ги снабдува  водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

Проширувањето на инвестициите во земјава е уште една потврда дека институциите се посветени, а се враќа довербата на инвеститорите. Економијата расте, а тоа е резултат на конкретните чекори, а не теорија. Во првиот квартал годинава БДП е 3.2 отсто, а извозот во првите пет месеци од годинава е за 3,15 проценти поголем споредено со истиот период лани. За премиерот ова е показател дека економските политики се во добра насока. Економскиот раст до крај на годинава и во следната година се темели токму на влезот на инвестициите, а и на поттикнување на домашните компании

– Ова се показатели што го говорат најважното дека државата е стабилна, економијата активна и дека иднината се гради денес. Свесен сум дека граѓаните се соочуваат со потешкотии, свесен сум дека се потребни брзи и конкретни промени и токму затоа секој ден со целата енергија што ја имаме, работиме за тие промени да се случат. Се бориме за секое ново вработување, за секој денар повеќе во домашната економија, за секоја шанса што може да донесе стабилност на државата. Ние не чекаме инвестиции, ние ги бараме, ги поддржуваме, ги заслужуваме. Ние не зборуваме за можности, туку ги отвараме, порача Премиерот.

Реклама

Покрај во индустријата се работи на инвестициона политика во енергетиката. Владата потпиша меморандум со турски Казанџи груп кој треба да градат когенеративни централи, секундарна гасоводна и топловодна мрежа. Неделава стартуваше изградбата на  гасниот интерконектор со Грција, а половина милијарда евра ќе чини инвестицијата за изградба на  ветерниот парк на „Алказар енерџи“.