Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Нова инвестиција на „Пурпласт“ вредна 15 милиони евра, до 200 нови работни места

Петнаесет милиони евра е новата инвестиција на компанијата „Пурпласт“ во ТИРЗ 2 во Скопје со која ќе се отворат до 200 нови работни места. За оваа инвестиција денеска беше остварена средба меѓу директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмет Шишманоглу.  Димовски оценил дека новата инвестиција претставува значаен чекор во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесет милиони евра е новата инвестиција на компанијата „Пурпласт“ во ТИРЗ 2 во Скопје со која ќе се отворат до 200 нови работни места. За оваа инвестиција денеска беше остварена средба меѓу директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмет Шишманоглу. 

Димовски оценил дека новата инвестиција претставува значаен чекор во понатамошниот развој на компанијата и дека таа е уште една потврда за довербата на инвеститорите во условите што ги нудат технолошко индустриските развојни зони. Посочил дека вложувањето и проширувањето на компании кои веќе работат во рамки на зоните е најдобар показател за стабилноста на деловното окружување и конкурентноста на државата како инвестициска дестинација.

Од страна на менаџментот на Пурпласт била изразена благодарност за досегашната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што е истакнато дека новата инвестиција е резултат на позитивните искуства од работењето во зоната и довербата во институциите. Претставниците на компанијата нагласиле дека новата инвестиција ќе овозможи проширување на производствените капацитети, воведување нови производствени линии и отворање до 200 нови работни места, што ќе придонесе за понатамошен раст на компанијата и зајакнување на нејзината позиција на меѓународните пазари.

Реклама

На средбата биле разгледани и следните чекори за реализација на инвестицискиот проект, како и можностите за натамошно продлабочување на соработката.