Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Нов закон за поквалитетно образование

Никој не сака да го лекува доктор кој студирал на вонредни студии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никој не сака да го лекува доктор кој студирал на вонредни студии, ниту пак да го учи наставник кој не го вложил својот целосен потенцијал за време на студирањето. Министерката за образование Јаневска смета дека со новиот закон ќе се подигне нивото и квалитетот на високото образование.

За новините кои ги носи истиот во делот на вонредното студирање, Јаневска потенцираше дека останува старото законско решение, а единствената новина е што нема да може да се студира вонредно на медицина, фармација, ветерина и на „Архитектектонскиот“ и на „Градежниот факултет“.

„Вонредното студирање значи дека немате пракса. Јас тој пример веќе го кажав во јавноста, никој од нас не сака да го лекува лекар кој не видел пациент, кој не видел инструмент, кој не видел како изгледаат таблети, кој не фатил хирург кој не видел скалпер. Истото сега го прошируваме на наставничките факултети“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.

Реклама

Јаневска ислуша голем број од професорите, како од приватните така и од универзитетот „Мајка Тереза“ и посочи дека голем дел од нивните забелешки се разгледани, но дека еден од професорите ја прашал зошто е потребно присуство на меѓународни симпозиуми и конференции и каква корист ќе имале студентите, ако тој посетувал вакви меѓународни собири. За Јаневска ваквите прашања не се за академска расправа.  

„Прашањето дали науката и образованието ќе имаат корист од вмрежувањето со странски универзитети, со странски професори, кои се на високо ниво, не е тема на дискусија“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.

„Го поддржувам законот во целост. Зошто го поддржувам, бидејќи се ставаат определни критерими кои мораат да важат, ако навистина сакаме да се доближиме до таа Европа, која како бајка си ја повторуваме. Европа, Европа, но што значи тоа, ние треба однапред да се смениме, менталитетот да го промениме“, изјави професор доктор Гоце Цветановски научен советник во Институтот за македонски јазик.

За Цветановски новиот закон е добар и преку него ќе се зголеми академската свест и совест. Според него наставниците и професорите не треба да чекаат да се донесе закон за да објават капитални дела и да се професионално да се надоградуваат.