Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Нов скандал со прислушување: ВМРО-ДПМНЕ има информации дека власта може незаконски да ги „снима“ граѓаните

Продолжува ли власта во Македонија масовно и незаконски да прислушува? Опозициската партија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува ли власта во Македонија масовно и незаконски да прислушува? Опозициската партија обелоденува скандалозни информации за опасност од злоупотреби на техничката опрема која ја поседуваат институциите, која била набавена и без почитување на законските ппроцедури. Информациите за ова се загрижувачки, а на адреса на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале од т.н. свиркачи. 

Власта може да ги прислушува граѓаните со незаконски набавена опрема. Скандалозни и загрижувачки информации пристигнале на адреса на ВМРО-ДПМНЕ која алармира дека Агенцијата „ОТА“ по налог на Власта може да ги следи комуникациите на сите граѓани. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вели дека информациите за овој скандал ги добиле од т.н. свиркачи кои директно сведочеле за она што се случува во службите. Станува збор за снимање и прислушување кое според Јанушев се врши со опрема за следење на комуникации која била навбавена без одобрение од МВР и без почитување на Правилникот на Агенцијата.

  • Првите сигнали се од свиркачи. ОТА бара тоа и тоа, а со тоа ќе се овозможи масовно прислушување, за невидено прекршување на законот. Оваа опрема е купена без одобрение од МВР. Нее точно дека не знаеле дека се купува опремата, вели меѓу другото за Алфа, Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според Јанушев, Оперативно-техничката Агенција „ОТА“ извршила незаконска набавка на опрема за масовно прислушкување. Единствен кој стои зад тоа, вели, е Владата, без чија согласност истата не можела да биде набавена. Јанушев прашува дали МВР дало дозвола или извршило контрола за скандалозната набавка на опрема со која може да се следи целиот интернет сообраќај во државата.

Реклама
  • Малициозниот софтвер може да инфицира мобилни и да има пристап до се во телефонот. Обвинителство не реагира, наместо да апси. Со ова, имаат буквално пристап до твојот телефон, ама буквално до се, слики, конверазации, именик итн, додава Јанушев.

Од МВР претходно кажаа дека се работи за набавка на ОТА, а не на МВР. Информациите, велат, биле класифицирани, но уверуваат дека не постојат можности за прислушување без судска наредба.

Оперативно-техничката Агенција „ОТА“ беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ, која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во „ОТА“.

Останува отворено прашањето дали со набавената опрема власта може буквално да прислушкува 2 милиони граѓани на Македонија.

Борис Грујоски