Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Нов регионален проект за развој на женското претприемништво

      Македонските жени се’ повеќе пројавуваат желба да бидат сами свои газди,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Македонските жени се’ повеќе пројавуваат желба да бидат сами свои газди, да отвораат бизниси согласно личните афинитети, да бидат креативни и финансиски независни. Во склад со тој тренд кај женската популација, особено од маргинализираните и ранливите групи, од почетокот на месецов стартуваше аплицирањето за регионалниот Проект „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“,  кој освен во Македонија, ќе се импелементира и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и со него ќе се развива претприемничкиот дух кај жените.

„Станува збор за еден проект чија што цел е да им помогне на жените да се вклучат на пазарот на трудот, без оглед во која форма – дали како започнување на сопствен бизнс, дали како унапредување на веќе постоечки бизнис, или пак, како жени кои што сакаат едноставно да се вработат. Нашата цел е да ги поттикнеме жените да се вклучат во економијата, да имаат добробит за себе и за сопственото семејство на тој начин“, – вели Кристина Хаџи-Василева од Консалтинг за стратешки развој од Скопје.

  Фактите зборуваат дека жените, особено од маргинализираните заедници се соочуваат со ниска стапка на вработеност, недостиг од пристап до финансии и едукација, родови стереотипи, но и недостиг од институционална поддршка. Од овие причини, жените кои ќе аплицираат ќе имаат можност да добијат и извесна финасиска помош од 2,5 илјади евра, односно од 5.000 евра во зависност од тоа дали почнуваат нов бизнис, или ќе го унапредуваат веќе постоечкиот.

Реклама

  „Вклучува пред се’ четиридневна обука која што ќе биде задолжителна за селектираните учеснички на овој Повик, потоа менторство за изработка и финализација на бизнис-план и грантова поддршка, односно два вида на грантова поддршка, еден за основање, запопчнување на бизнис кој што е во износ од 2.500 евра и грантова поддршка од 5.000 евра кои се за унапредување на постоечки бизниси“, – рече Росица Тошевска од Консалтинг за стратешки развој – Скопје.

  „Наша задача е информациите да ги доближиме до жените, меѓутоа да бидерме и нивна поддршка во целиот процес на аплицирање и понатаму. Во наредниот период ќе имаме многу средби на различни теми се’ со цел да им помогнеме на жените да ги зајакнат нивните вештини“, – посочи Марина Тошеска од ЛАГ „Агро-лидер“, – партнер во Проектот.

   Овој Проекет ќе трае до 2027 година, финасиран е од Австриската агенција за развој „АДА“ и неговиот вкупен буџет е 2,5 милиони евра, а апликациите можат да се поднесуваат до крајот на месецов преку ЛАГ „Агро –лидер“, кој е партнер во Проектот.