Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи

Увозници, шпедитери, возачи кои биле  вработени во превозни компании и царински службеници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Увозници, шпедитери, возачи кои биле  вработени во превозни компании и царински службеници, без да платат царина, носеле половни возила од странство во Македонија и ги оставале на автоплацеви за да ги препродадат.

За неколку месеци од крајот на 2023-та  и во текот на првата половина од 2024-та пренесени биле 35 возила во вкупна вредност од 20 милиони денари (325 илјади евра), со што Буџетот поради неплатени давачки е оштетен за околу

150 илјади евра.  Во моментов поднесени се кривични пријави против 24 физички и правни лица до обвинителство за организиран криминал и корупција, а од Царина најавуваат дека ќе има уште, затоа што веројатно криминалот се случувал во минатото повеќе пати. За овие 35 возила биле замешани две шпедиции , двајца увозници и еден царински склад.

Реклама

Досега до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службената должност и овластувањето. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејства кривични пријави ќе следуваат за други лица, при што некои од нив ќе се товарат за повеќекратно извршување исти или слични дела. Во однос на царинските службеници што извршиле злоупотреба на службената положба и овластувањето, во тек се дисциплински постапки по што ќе следуваат соодветни казнени мерки“, изјави Николовски.

Автоплацевите не успеале да ги препродадат колите, според информациите од Царина сите 35 се пронајдени на различни плацеви и во моментов се под царински надзор. За 8-те цариници за кои биле замешани во шверцувањето на возилата е отворена дисциплинска постапка.

Николовски  најави во иднина расветлување на целиот криминал кој што се случувал во Царина како и зголемена наплата на давачките. Само за пример во изминатите шест месеци наплатата на  данокот за моторни возила е драстично повисока од претходно, во јули 2024-та за истиот период 2023, била повисока за дури 46 проценти.