Големите и помали маркети и денеска останаа без голем број муштерии. Граѓаните и овој пат одлучија да ги бојкотираат, но со помал ентузијазам од првиот пат.
„Алфа“ направи обиколка на повеќе локации низ Скопје и можеше да се види дека ги нема вообичаените гужви во големите маркети.
Граѓаните кои влегуваа да пазарат не ги полнеа корпите. Купуваа само по неколку производи, како што посочија основните кои им биле најнеопходни. А голем дел ги избегнуваа маркетите, па купуваа само на зелените пазари и во пекарите. Револтирани се од трговците поради како што велат ги набилдале цените до плафон . Дали бојкот ќе има ефеткт – поделени мислења. Граѓаните алармиаат дека треба да има строги контроли .

Вработените во маркетите признаваат дека имаат намален обем на работа, помалку купувачи и според нивните пропценки прометот осетно е намелен.
Надлежните велат дека контроли на терен има и се најавуваат мерки. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, го чека извештајот на Државниот пазарен инспекторат од контролите направени кај дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.Најдоцна до понеделник ќе биде објавено што затекле инспекторите на терн, па потоа ќе се преземат и конкретни чекори.
„Сега тие ги контролираат дистрибутерите, добавувачите и трговците. Значи кога ја вршат контролата, не ја вршат само кај производителите. Целокупниот процес го контролираат. Ќе контролираат колкав е процентот на маржата, ставена од трговците, за период од шест месеци. Дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај што ќе го земеме од Државниот пазарен инспекторат, како Влада ќе ги превземеме мерките кои треба да ги превземеме“, изјави Бесар Дурмиши министер за економија и труд.
Големите трговски синџири се бојкорираат и во Србија, Босна и Херцеговина, а сега се приклучија и Косово, Грција и Бугарија.
Во Хрватска од сабота, 8 февруари, започнува седумдневен бојкот на еден трговски синџир, чиј избор ќе биде одреден преку анкета на „Фејсбук“. Според платформата „Ало инспекторе“ потрошувачите барале да се продолжи со бојкотите, бидејќи, според нив, трговците не ги сфатиле пораките од претходните два општи бојкоти.
Љубиша Владимиров
