Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

„Нобеловци“ на Економскиот факултет во Скопје

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска традиционално ќе се одржи одбележување на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2025 година.

Следејќи ја повеќегодишната традиција, Катедрата за Економија и оваа година го организира настанот „Нобеловци“ посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2025 година, која беше доделена на тројца истакнати економисти: проф. Џоел Мокир (Joel Mokyr) од Northwestern University, Evanston, IL, САД, и Eitan Berglas School of Economics, Tel Aviv University, Израел; проф. Филип Агион (Philippe Aghion) од Collège de France и INSEAD, Париз, Франција, како и од The London School of Economics and Political Science (LSE), Обединето Кралство; и проф. Питер Ховит (Peter Howitt) од Brown University, Providence, RI, САД.
 
Поздравно обраќање ќе има проф. д-р Даниела Бојаџиева, раководител на Катедрата за Економија, а настаното официјално ќе го отвори деканот на Економскиот факултет проф. д-р Мијалче Санта.

За значењето и за придонесот на нобеловата награда за економија за 2025 година ќе говорат академик Таки Фити, проф. д-р Владимир Филиповски, проф. д-р Љубомир Кекеновски и проф. д-р Сашо Ќосев.