Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Николовски: Електронската размена на податоци со Бугарија ќе даде нов импулс за Зелените ленти – доказ за довербата на ЕУ во системот што го градиме

„Зелените ленти“ овозможуваат непречен проток на стока и се клучни за зајакнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Зелените ленти“ овозможуваат непречен проток на стока и се клучни за зајакнување на конкурентноста на компаниите и за градење доверба меѓу соседите. Наша заедничка одговорност е добрите концепти да ги претвориме во целосно функционални системи во пракса, истакна  директорот на Царинската управа Бобан Николовски во официјално обраќање на неформалниот состанок на генералните директори на царинските управи, организиран од Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел.

-Меморандумoт за електронска размена на податоци со Бугарија што го потпишавме денеска во Брисел е доказ за нашата силна посветеност за подобрување на системот на функционирање на зелените ленти преку електронска размена на податоци уште пред стоката да пристигне на граница, нагласи Николовски, стои во денешното соопштение од Царинската управа. 

На средбата генералните директори и директорите на Секретаријатот на ЦЕФТА и Транспортната заедница дискутираа за следните чекори во спроведувањето на меморандумите за разбирање кои беа потпишани во Брисел како дел од иницијативата „Зелени ленти“, како и за понатамошното проширување и продлабочување на иницијативата меѓу ЦЕФТА и Европската Унија на стратешко ниво.