Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Николоски: За пет години ќе има брза железница со која од Скопје до Солун ќе се патува за 1 час и 35 минути, а до Белград за 2 ипол часа

За час и половина од Скопје до Солун на плажа. Брзиот воз кој ќе се движи со 160 километри на час се очекува да биде реалност за 5 години. Вицепремиерот Николоски од Солун порача дека Македонија но и регионот сериозно е попсветен на реализација на Коридорот 10, кој е врвен приоритет, не само во делот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За час и половина од Скопје до Солун на плажа. Брзиот воз кој ќе се движи со 160 километри на час се очекува да биде реалност за 5 години. Вицепремиерот Николоски од Солун порача дека Македонија но и регионот сериозно е попсветен на реализација на Коридорот 10, кој е врвен приоритет, не само во делот на первоз на патници, туку и на стока. Проектот ќе стартува во најбрз можен рок и ќе чини најмалку 2 милијарди евра. Финансирањето е обезбедено преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

„Железничкиот коридор 10 е идината за развој на трговијата во регионот, иднината за развој на пристаништата во Солун и затоа ми е драго што и напшата држава, Грција и Србија и Хрватска дадода јасна заложба дека ќе инвестирата во коридорот 10. Со што повеќе ја истакнува важноста на нашата инвестиција во изградба на прза пруга која што ќе оперира на коридорот 10.   Тоа е економски најжив и најзначен коридор со што ќе и носи дополнителен бенефит и економска оправданост на Македонија“, рече Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски.

Според очекувањата на Вицепремиереот, по завршување на целосна изградба на пругата, товарен воз од Атина до Виена ќе стаса за помалку од 24 часа, а од Солун до Будимпешта за околу 12 до 14 часа. Паралелно со изградбата на брзата пругата, се работи и на модернизација на автопатот од истиот коридор, а со Светска Банка ќе се инвестира во паметна царина и воведување на интелегентни транспортни системи.

Реклама

„Заедно со СБ работиме на воведување на интелегентни транспорти системи, проект кој очекувам да започне многу брзо да се имплементира и исто така работиме на подобрување и забрзување на системите кои се поврзани со царина“, додаде Николоски.

Како што истакна Николоски, со градењето на оваа пруга, а пралелно и градењето на инфраструктурата од Коридот 8 Македонија станува клучна точка на европскиот транспорт. Со затворањето на целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид, па потоа преку Струга до Албанија и изградба на пругата до Бугарија, Македонија ја засилува позицијата како важен стратешки партнер на Европа. Регионалниот сами за транспорт во Солун ги собра на едно место сите клучни чинители од поширокиот регион. Сите авторитети испратија силни пораки дека транспорот и соработката околу негово унапредување нема алтернатива.