Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Економија

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. 

-Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат каде било во Шенген зоната. Аплицирањето секако дека ќе биде во амбадата на Република Хрватска во Скопје и другите конзуларно-дипломатски претставништва на Република Хрватска или директно во Загреб. Но суштината е дека ова е реализација на ова што го зборувме. Гледате дека ние, за разлика од некои од нашите соседи доста тивко ја водиме целата оваа операција затоа што сметаме дека се работи за еден суштински голем проблем кој мора да се реши и не мислам дека е начин на решавање на овој проблем со обвинување на други со плачење над сопствената судбина или со продуцирање на лажни надежи и лажни вести, рече Николоски на гостувањето на една од националните телевизии. 

Појасни дека кога се случил првиот протест на превозниците во февруари првиот чекор го направи самата Европска Унија и го сфати колкав е проблемот и ја презентираа нивната визна стратегија далеку порано од тоа што беше планирано.

Реклама

– И од таму беше јасно дека професионалните возачи ќе се признаат како категорија. Кога тоа успеавме да го направиме после беше само прашање на методологија како. Наш став беше дека е најлесно со дологорочни визи. Ќе се сети јавноста дека јас за време на протестите итно отидов за Загеб. Се сретнав таму со владини претставници, вклучувајчи го и мојот колега вицепремиерот и министер за транспорт Оливер Бутковиќ, со кој голе долу рамката ја договоривме и таа рамка сега Хрватска ја реализира и сакам да се заблагодарам. Хрватскиот сабор ја изгласа оваа одлука, рече Николоски. 

Паралелно, додаде тој, работиме и со Романија, при крај е и таму процедурата. – Почнавме процедура и со Австрија. Веќе е оваа процедура воведена во Швајцарија, која не е членка на ЕУ но е дел од Шенген зоната, така што со ова ние горе долу го затвораме проблемот, како што кажав, тивко, мирно, без многу помпа овој период, рече Николоски.

Во однос на ЕЕС ситемот на ЕУ и проблемите со кои се соочија граѓаните и доаѓањето на туристичката сезона, Николоски рече дека тој систем не е дизајниран за нас, но за жал важи и за нас. Целта на ЕУ е справување со проблемите, пред се, со огромната нелегална миграција.

-Ние имаме две граници на кои овој систем се користи. На границата со Грција и со Бугарија. Летово очекувам голем притисок кон Грција затоа што само на Коридорот 10 поминуваат десет милиони патници годишно, од кои најголем дел се во летната сезона и очекувам дека и таму ќе има решение, рече вицепремиерот Николоски.