Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Николоски: Струковиот синдикат на контрола на летање нема правна основа за штрајк

Струковиот синдикат на контрола на летање повеќе нема да може да организира штрајк, бидејќи Апелациониот суд ја одби нивната жалба и ја потврдил претходната одлука на Основниот граѓански суд во Скопје. Според судот, овој синдикат нема законско право самостојно да организира штрајк, затоа што е само подружница на синдикат, а не функционира како независен синдикат. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струковиот синдикат на контрола на летање повеќе нема да може да организира штрајк, бидејќи Апелациониот суд ја одби нивната жалба и ја потврдил претходната одлука на Основниот граѓански суд во Скопје. Според судот, овој синдикат нема законско право самостојно да организира штрајк, затоа што е само подружница на синдикат, а не функционира како независен синдикат. Од М-НАВ велат дека право да организира штрајк има само Независниот синдикат на сообраќај и врски. Адвокатот на М-НАВ вели дека тие не го спорат правото на штрајк туку бараат само релевантен партнер со кој што би ги унапредиле правата на вработените.

– Напоменуваме дека судовите ги усвоија трите тврдења што беа истакнати на М-НАВ, дека штрајкот не содржи права за заштита од право на работен однос, дека штрајкот е закажан надвор односно без спроведување на задолжителна постапка за посредување и воедно дека ССКЛ  воопшто нема правен легитимитет.- истакна Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ
Николоски додава дека со ваквата пресуда се поставува прашање дали и претходните штрајкови од страна на ССКЛ биле законски.

– Самата пресуда на Основниот граѓански суд Скопје потврдена со пресудата на Апелациониот суд  го дава одговорот на тоа прашање, дека и претходно организираните штрајкови ос трана на ССКЛ биле организирани спроведени и реализирани надвро од законските прописи на Република Македонија–истакна Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ

Реклама

Спорниот штрајк беше најавен за 20 октомври 2025 година, кој со одлука на Управен суд беше стопиран. Синдикатот тогаш  бараше од раководството да запре со вработувања  на нестручен кадар, да обезбеди одобрение од Министерството за финансии за оглас за нови контролори на летање и инженери, како и распишување тендер за избор на независна меѓународна агенција што ќе изработи анализа за моменталната состојба и потребите на агенцијата.