Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Николоски: Следната недела ќе формираме Координативно тело и официјално започнуваме со реализација на Договорот со Велика Британија

Веќе наредниот вторник ќе имаме формирано Координативно тело за реализација на Договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе наредниот вторник ќе имаме формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија. Министерството за финансии ќе започне процес за обезбедување на финансии и уверуваме дека ќе ја избереме најповолната опција за финансирање на проектите, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

-Очекувам до вторник да сме подготвени со првиот иницијален проект, а тоа е брзата пруга од Табановце до Гевгелија. Владата треба да го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансирање за проектот. Следниот чекор би било Министерството за финансии низ еден транспарентен и конкуретнет дијалог да испрати барање за финансирање до сите релевантни меѓународни финансиски институции и тие да се натреваруваат меѓу себе која ќе понуди најдобри услови за финансирање. Ние мислиме дека тоа ќе е Велика Британија, но дај боже да се пријави некој што ќе понуди поинакви услови и поевтино финансирање. На пример ако Велика Британија понуди дека може да финансира 95 % од сумата по одредена камата, а се појави друга држава која може да финанисра 100 % од сумата по пониска камата, секако ќе ја избереме другата варијанта”- вели вицепремиерот Николоски.

Понатамошната постапка, како што потенцираше вицепремиерот Николоски ќе се избира Изведувач по Законот за јавни набавки.

Реклама

-Tеоретски ако тоа би било Велика Британија, после тоа се одбира Велика Британија како финансиер на проектот и влегуваме во реализација на проектот со избор на Изведувач и тоа преку нашиот Закон за јавни набавки што јасно ја утврдува процедурата како се избира Изведувач за вакви големи проекти. Тоа не е договор во четири очи, но не е ни класичен тендер каде може било кој да се јави, мора да се постават јасни критуриуми кој може да учествува бидејќи проектот мора да биде завршен и мораме да бидеме сериозни да не ни се случи Охрид – Кичево или слично. Но наједноставно за јавноста, тоа би бил конкурентен дијалог со компании кои ги исполнуваат условите, а ќе поставиме соодветни критеритуми, вели вицепремиерот Николоски.

Споредувајќи ги договорите на Велика Британија со Труција и Србија, тој потенцираше дека тие се класични комерцијални договори кои ги следи финансирање со градба, додека во нашиот случај имаме политички договор, прв ваков договор потпишан во регионот и со кој ќе ни се понудат најповолни услови за финансирање.