Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено од меѓународните медиуми

Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

-Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал „EX-YU Aviation News“ – посочи Николоски. 

Нагласи дека во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 отсто по број на патници и околу 20 отсто по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија.

Реклама

-Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии – потсети Николоски.

Порача дека развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа, како што нагласи, го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции. 

Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

-Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено – објави вицепремиерот Николоски на својо фејсбук профил.