Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Николоски: Секогаш сме спремни за избори, би сакале и најверојатно ќе одиме на редовни

Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

За немањето договор помеѓу власта и опозицијата за Изборниот законик Николоски во гостување на една од националните телевизии иизјави дека очекува дека до изборите во 2028 „ќе надвладее разумот“. 

-Наше барање е да се овозможи еднакво избирачко право на сите граѓани на Македонија, а тоа се и луѓето коишто живеат во дијаспората, така што се надевам дека ќе се изнајде решение, рече вицепремиерот. 

Реклама

Во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ја изолира земјата од европскиот пат и не е транспарентна и дали очекува конзенсус меѓу партиите за одржливо решение Николоски одгвоори дека „консензус треба да се гради со оние коишто го создале проблемот“. 

-Добро би било да има консензус, иако оние со коишто треба да се гради консензус се оние кои го создадоа проблемот. Додека беа на власт прифатија обврски кои не може да се реализираат и обврски кои се на штета на македонските национални интереси. Треба да сме свесни и со кого имаме работа, изјави Николоски.

Како што рече, во испорачувањето на реформите од Планот за раст, Македонија е апсолутен лидер од шесте земји на Западен Балкан.

-Веќе сме во ситуација кога дополнителни чекори ќе се прават со цел да се добијат дополнителни средства од Европската Унија како награда за реформите. Тоа е процес којшто лично премиерот Мицкоски го координира. Ние на неделна основа имаме состаноци на таа тема и средби со ЕУ и резултатите се видливи за сите, посочи Николоски. 

За ситуацијата во Гостивар рече дека тоа е проблем „кој на ниеден начин не е дел од работата на Владата, туку е проблем во надлежност на локалната самоуправа односно на општина Гостивар“.

-Видовме дека општината нема капацитет да се справи со проблемот, таа го создаде проблемот и Владата доброволно реши да се вклучи и да го решава проблемот. Тоа говори дека Владата има добра намера да го реши и тоа, и се надевам дека наскоро ќе имаат безбедна вода за пиење. А во меѓувреме обвинителството да си ја заврши својата работа, да ги испита сите кои се потенцијално осомничени и оние кои направиле кривично дело секако да одговааат, изјави Николоски.