Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Економија

Николоски: Се повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид, ги срушивме сите рекорди како резултат на паметните политики

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. 

– Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории. Практично, еден нов аеродром добивме, кој што со својата функционалност, но и со својата убавина, привлекува патници, привлекува туристи и очекувам во следниот период да се зголемува и бројот на летови. Во однос на скопскиот, исто така, рушиме рекорди. Очекувам само скопскиот аеродром да помине 3, 6 милиони патници и ако имаме малку среќа, очекувам до крајот на годината да можеме да имаме една убава церемонија за 4 милиони патници на двата аеродроми, што споредено со 2,4 милиони патници во 2024 година е еден огромен скок-истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави нови чартер летови со туристи со два авиони дневно кои би слетувале на охридскиот аеродром.

Реклама

-Она што е мое очекување, сè уште не сме потврдени, но мислам дека сме блиску, е големи чартер тури, кои што почнуваат да се прават во државата, кои што би значеле најмалку два авиони дневно со туристи, надвор од сезоната, во период од октомври до мај, да го потврдиме во следниот период и тоа да е додадена вредност на охридскиот аеродром – истакна Николоски.