Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Економија

Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел – ова е лоша вест за опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот.

Како што изјави денеска, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел. 

-Податоците се прилично храбрувачки. Ние веќе, заклучно со септември, сме на повеќе од 1.100.000 туристи и скоро 3 милиони ноќевања, што значи дека ќе идеме над тоа што сме го предвиделе како како цел. Во третиот квартал, споредено со третиот квартал минатата година, имаме 35.000 туристи повеќе и  110.000 ноќевања повеќе, што е добро, тоа е повеќе од шест отсто раст и по една и по друга основа. И повторно, ова е лоша вест за опозицијата. Тие би сакале да назадуваме, но, за нивна жал, а за добро на граѓаните, одиме напред, рече Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.