Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Николоски: Превозниците да не потпаѓаат под влијание на лажните вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги повикува превозниците од Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги повикува превозниците од Македонија да не потпаѓаат под влијание на соседните држави и да не наседнуваат на лажните вести кои ги лиферуваат.

-Пред два дена во Брисел немаше никаков состонок, туку вообичаена редовна прес-конференција на која новинарите можат да постават било какво прашање, па и за превозниците од Западен Балкан. Би ги замолил превозниците да не потпаѓаат под влијание од една соседна држава во која сега ќе има избори. Токму од таму дојде дека на 1 септември во Брисел имало некаков состанок и тоа е лажна вест, рече Николоски во гостувањето на една од националните телевизии.

Тој нагласи дека најголем напредок во преговорите за ограничувањето за превозниците за престој во Шенген зоната се случи во февруари годинава кога, како што рече, ЕУ реши да ги препознае возачите на автобуси и камиони како професионалци. Со тоа сите возачи кои работат во Шенген зоната имаат можност да побараат долгорочни визи кои важат секаде во ЕУ.

Реклама

-Се работи за доста серизозен проблем кој го имааат македонскте превозници и ние имаме целосно разбирање и им даваме сериозна поддршка и тоа го правиме во целиот изминат период. Мислам дека најголемиот напредок се случи во февруари кога Европската комисија реши да ја промени својата визна стратегија и да ги препознае возачите на камиони, автобуси и на останати првозни средства како професионалци. Тоа отвори простор да се најде решение. Тоа е двостепено – првиот степен беше да се препознаат како професионалци, а веќе кога се препознати како професионалци имаат право на долгорочни визи и на тој начин го избегнуваат ограничувањето 90 дена престој во рамки на 180 дена кое важи за останатите жители кои не се дел од Шенген зоната, рече Николоски.

Со тоа,прецизира, сите возачи кои имаат потреба да превезуваат стока во било која држава во Шенген зоната можат да аплицираат за долгорочна виза и да ја добијат. Такви визи веќе издаваат Хрватска и Швајцарија.

-Многу е значајно дека тие визи важат за целата Шенген зона, односно не се однесуваат само на конкретната држава од која се издадени туку се за целата Шенген зона затоа што во Шенген зоната нема граници и има само  влез на надворешните граници кон државите кои не се членки на Шенген зоната. Ова е решението кое може ние да го направиме секако би било подобро и полесно доколку ЕУ ги промени правилата. Ние цело време го бараме тоа, но тоа не зависи од нас, туку од ЕУ. Она што  зависи од нас и што можеме да го направиме е ова што го правиме, потенцира Николоски.

Идејата, додаде не и државите каде најмногу работат нашите превозници да бидат покриени со долгорочни визи, но сепак доволни се и овие што веќе ги издаваат Хрватска и Швајцарија зашто кога ќе се влезе во Шенген зоната нема ограничување што значи дека кога некој превозник ќе влезе во ганичните земји од Зоната потоа нема ограничување во движењето и доколку има долгорочна виза треба само да ја покаже и нема да има проблем со престотој, појасни Николоски.