Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма

Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се носат одлуки, а истовремено да не се потклекнува пред никого и да ги зачуваме македонските национални интереси, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Успеавме прв пат после децении газење да покажеме дека може да се чува македонското национално единство, дека можеме да се бориме за нашите интереси без да треба да виткаме кичма пред било кого. После долго време покажавме дека може и друга политика да се води, а не само политика на попуштање, истакнa Николоски.

Потпретседателот на Владата го прокоментира и моменталното однесување на опозицијата, каде според него владее целосна безидејност.

Реклама

Опозицијата се наоѓа во една тотална безидејност, изгубеност и агресија. Знаете генерално агресивни се луѓе кои се слаби и луѓе кои што немаат ништо позади себе. Така што таква ситуација имаме сега, викаат и скокаат до првиот аргумент, а кога ќе го добијат тоа од наша страна, тогаш застанува се, но тоа е нивни проблем, нека си го решаваат внатре”, заклучи Николоски.