Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Економија

Николоски: Почнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето на една од националните телевизии најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето на една од националните телевизии најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица.

Според Николоски, овие инвестиции ќе придонесат за рамномерен развој низ сите региони.

„Експресниот пат Куманово -Страцин е дел од Планот за раст со Европската Унија, ќе има и ИПА компонента, така што очекувам до следната година заедно со Европската Унија да ги завршиме сите документи и да почне и таму да се гради. Добро е што таму експропријацијата е завршена, одиме на проектирање и на изградба“, изјави Николоски.

Реклама

Во однос на плановите за изградба на нови експресни патишта, тој најави:

„Во соработка со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, објавуваме тендер за сите потребни студии за експресен пат кој ќе оди Кочани-Виница-Делчево, а за скоро време ќе излезе и за експресниот пат Радовиш-Струмица“, најави Николоски.

Според него, овие проекти покажуваат дека државата не инвестира само во автопатски делници, туку паралелно работи и на развој на современа мрежа на експресни патишта која ќе обезбеди побрзо и побезбедно поврзување на регионите.

„Тоа значи дека сериозно ќе се инвестира покрај во Централна и Западна Македонија и во Источна Македонија “, истакна Николоски.

Со најавените проекти, државата отвора нова фаза на инфраструктурен развој во која паралелно ќе се градат автопати и експресни патишта. Целта е подобрување на регионалната поврзаност, забрзување на транспортот на луѓе и стоки и создавање подобри услови за економски развој во сите делови на земјата.