Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Николоски: Нема логика да се трошат двојно пари за претседателски и локални избори

Одвоени избори ќе ја чинат државата двојно повеќе пари и замрзната држава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одвоени избори ќе ја чинат државата двојно повеќе пари и замрзната држава половина година согласно Изборниот законик порачува потпретседателот на вмро дпмне Александар Николоски. Тој предупредува дека нелогичноста на власта која не сака да прифати претседателски и парламентарни избори во ист термин , може да доведе и до три изборни циклуси, поради ризик да не се исполни цензусот за избор на Претседател, што  би значело закочена држава речиси една година .

 Ако гледаме од тесно партиски интерес, нас повеќе ни одговара изборите да се раздвоени. Но, мораме да го гледаме и другиот, а тоа е државниот интерес, затоа што ние пред се се занимаваме со јавна работа . До денес, на нашиот аргумент дека само за месец и пол до два, толку е разликата помеѓу претседателските и парламентарните избори, нема логика да се трошат дупло средства, дупло да се ангажираат избирачки одбори и целата држава да е замрзната седум месеци заради другите одредби од Изборниот законик во којшто многу активности на државата запираат во време на избори, вели Николоски во интервју за Радио Слободна Европа.

Според Николоски, победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите уште сега е јасна и очигледно дека таа ќе биде убедлива. Но она што е клучно за најголемата опозициска партија е таа да биде со мнозинство освоени пратенички места во парламентот, што би го отворил и патот за реализација на планот за реформирање на државата кој ВМРО ДПМНЕ го подготвува во координација со  граѓаните со кои разговара во рамки на теренските активности „Важно е од тебе зависат промените“. Во постизборната реализација на овој план според Николоски, нема да има простор за соработка со ДУИ чие раководство е заглавено во еден куп криминални афери и скандали:

Реклама

Ова раководство на ДУИ за жал се криминализираше до максимален можен степен, скоро и да нема ден во којшто нема афера во којашто дел се претставници на ДУИ. / 13:43  Секако после изборите, и заради реалноста во Македонија, без разлика колку пратеници ќе освоиме, ние сме спремни да поразговараме со потенцијални партнери од таканаречениот албански кампус и да видиме дали можат да ни се спојат програмите. Секако тука предност ќе има она што е сега таканаречена албанска опозиција, додава Николоски во интервјуто .

Николоски потенцира дека уставните измени вака поставени во никој случај нема да поминат. Измени под бугарски диктат вели нема да има ни пред ниту по изборите, затоа што тоа е уцена и понижување на Македонија. Тој предупреди дека  Бугарија мора да го испочитува владеењето на правото, да ги почитува одлуките на Судот во Стразбур во однос на Македонците во Бугарија, да даде јасни гаранции за македонскиот многувековен идентитет, но и да демонстрира дека нема да има натамошни условувања на евроинтеграцискиот пат на државата.

Кристина Алексиеска