Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената во општините, најголема поддршка од Владата досега

Со инвестиција од 4,2 милиони евра првпат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената во општините. Ова е најголема поддршка досега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиената – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на работилницата „Планови за одржлива урбана мобилност“.  – Се купуваат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со инвестиција од 4,2 милиони евра првпат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената во општините. Ова е најголема поддршка досега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиената – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на работилницата „Планови за одржлива урбана мобилност“. 
 
– Се купуваат 49 возила од различен тип, кои треба да му помогнат на Град Скопје и на другите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милион евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони, кои се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење улици во вредност од 1,3 милиона евра или вкупно, како што кажав, за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светската банка, што сериозно ќе помогне во подобрување на состојбата со хигиената – рече Николоски.

Посочи дека ова е најголем инвестициски циклус во општините и најави дека ваквите активнсоти ќе продолжат и во следниот период.

– Веќе разговараме со Светската банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти, кои ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините, секако и други проекти што заеднички ќе ги работиме – изјави вицепремиерот Николоски.