Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување

Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по потпишувањето денеска во Охрид на Договорот за стратешка соработка меѓу двете држави. 

Николоски, како што соопшти Министерството за транспорт, истакна дека односите меѓу двете држави се традиционално блиски и пријателски, потенцирајќи дека политичката соработка дополнително се зајакнува преку партнерството на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ во рамки на Европска народна партија.

-Со Хрватска имаме доста блиска соработка, би рекол и братска соработка. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ имаат долгогодишно партнерство, а двете партии се членки на Европската народна партија, што дополнително нѐ зближува – рече Николоски.

Реклама

Тој посочи дека Хрватска била една од првите земји кои излегле во пресрет за решавање на проблемот со визите за македонските транспортери, преку законско решение кое им овозможува полесен пристап до европскиот пазар.

-Хрватска, како и Швајцарија беше помеѓу првите земји кои излегоа во пресрет и донесоа закон со кој што македонските транспортери ќе добиваат визи и на тој начин се решава проблемот. Имајќи предвид дека Хрватска е дел од Шенген зоната, така што хрватските визи важат за сите земји членки на Европската Унија. Во однос на конкретна економска соработка, тука имаме бројна стопанска делегација, најсилните компании од двете држави се тука. Во моментов имаме трговска размена од некаде 300 милиони долари, Македонија има мал суфицит тука, се надеваме да порасне, да оди барем на 400 милиони долари и навистина има простор на двете страни да се развиваме, и тоа е она што треба да го направиме – порача вицепремиерот Николоски.

Министерот денеска оствари работна средба со хрватскиот вицепремиер и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ, кој е дел од делегацијата на хрватската влада, која од денеска е во посета на државава.

Посебен акцент на средбата бил ставен на инфраструктурното и транспортното поврзување, особено на проектите поврзани со Коридор 10. Според Николоски, и Хрватска и Северна Македонија започнуваат крупни инвестициски циклуси за изградба на брзи железнички линии.

-Навистина ми е драго, дека Хрватска објави еден голем инвестициски циклус на Коридорот 10, на кој што и ние почнуваме исто така да работиме. Хрватска ќе гради брза пруга на Коридорот 10, од граница со Србија до граница со Словенија, во вредност некаде од 2,2 милијарди евра, на исти начин како што Македонија ќе гради брза пруга на Коридорот 10 од граница со Грција до граница со Србија за 2 милијарди евра, така што ми е драго дека идејата за брза пруга на Коридорот 10 живее во сите земји кои што се по овој коридор, тоа ќе даде дополнителна вредност и на нашата пруга, затоа што уште повеќе превоз и транспорт ќе има со брзи возови – рече Николоски.

Тој ја поздрави и иницијативата за отворање директна авионска линија меѓу Охрид и Дубровник, оценувајќи дека тоа ќе придонесе за зголемување на туристичката размена меѓу двете земји.

-Се надевам дека за брзо време ќе отвориме директна авионска линија Охрид – Дубровник, што дополнително ќе донесе зголемување на туризмот и бројни Хрвати ќе дојдат на летување во Охрид и во Македонија – изјави Николоски.