Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Николоски: Директна авиолинија Анкара – Скопје и карго железничко поврзување помеѓу Македонија и Турција

Македонија и Турција ќе работат на воспоставување карго железничко поврзување меѓу двете земји, со цел да се забрза транспортот на стоки и да се зголеми трговската размена. Ова било договорено на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министерот за транспорт на Турција, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Турција ќе работат на воспоставување карго железничко поврзување меѓу двете земји, со цел да се забрза транспортот на стоки и да се зголеми трговската размена. Ова било договорено на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министерот за транспорт на Турција, каде што се разговарало за унапредување на економската и инфраструктурната соработка меѓу двете држави.

Според Николоски, една од клучните теми на разговорите била воспоставувањето карго железничка линија која ќе овозможи поефикасен транспорт на стоки меѓу Македонија и Турција, со што би се намалиле трошоците за превоз и би се отвориле нови можности за стопанството.

На средбите било разговарано и за дополнително подобрување на воздушната поврзаност меѓу двете земји, вклучително и директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје.

Реклама

Николоски оцени дека Македонија и Турција градат силно партнерство со заедничка визија за економски развој и регионална соработка, при што транспортното поврзување останува еден од главните приоритети во билатералните односи.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: