Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе го завршиме во рокот , ова е првата Влада која целосно се посвети на изградбата

Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервјуто за една од националните телевизии.

“Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат. Имаше бројни проблеми, реков ќе зборувам за проблемите кога ќе го завршиме. Сега се решени проблемите и најважно е што ова е првата Влада која се посветни на овој проект. Мислам дека прашањето не е само математичко туку е филозофско, често и јас говорам дека овој автопат се гради 12 години, но во суштина не се гради повеќе од 2 години, ако сакаме да бидеме реални”- потенцира Николоски.