Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Економија

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што соопшти денеска Министерството за транспорт, според Николоски, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

– Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт – рече Николоски, додавајќи дека активната работа на терен започнала дури од октомври 2024 година.

Реклама

Тој посочи дека за година и половина биле реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период и потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на ЕКСИМ Банка. 

– Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската “Ексим Банка”. Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи средства во вредност од 175 милиони евра и за истото бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата – истакна Николоски.

Во однос на цената, тој нагласи дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар, што според вицепремиерот сè уште го прави најевтиниот автопат што моментално се гради во Македонија и регионот.